Сирија со помош од Русија ќе гради реплика на Света Софија, која ќе биде црква

Сириската влада соопшти дека ќе гради реплика на Света Софија, која ќе биде црква, а како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го промени статусот на храмот во џамија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на либанскиот Al-Modon.

Како што пишува агенцијата, лидерот на провладините одбранбени сили – Набул Ал-Абдула, добил одобрение од (грчкиот) владика Никола Балбаки и властите на провинцијата Хама, да изгради нова црква во градот Сукајлебие, во кој над 17.000 од жителите се православни Грци.

Според Al-Modon, финансирањето на изградбата е првиот практичен и индиректен одговор на Русија со кој го искажува гневот кон Турција за промената на статусот на Света Софија.

Според рускиот пратеник Витали Милонов, за разлика од Турција, ова покажува дека „Сирија е земја која јасно ја демонстрира можноста за мирен и позитивен меѓуверски дијалог“. Тој додаде дека православните христијани во Русија можат да помогнат во изградбата.

Разговорите за изградба на реплика на Света Софија во северниот дел на Хама почнале во средината на јули, кога Абдула соопштио дека ќе донира плац за имплементација на проектот.

Како што пренесува Ројтерс, тој му ја презентирал идејата на командантот на воената база Hmeimim која ја контролира Русија и тогаш ја добил првичната руска поддршка за проектот. По ова, следеле посети на руски лидери и официјални лица во седиштето на воените сили Abd Аllah во Хама, кои на фронтот се борат со џиxaдистите поддржани од Турција.

Според либанскиот весник, руската поддршка за изградба на црква реплика на Света Софија била потврдена со посетата на голема воена делегација од базата Hmeimim на градот Сукајлебие, која била пречекана од воени лидери, владики и претставници на црквата. Делегацијата посетила низа верски локалитети и училишта во градот, извршила увид и во локацијата за градба и ветила помош во изработка на деталните урбанистички планови, но и обезбедување на потребната поддршка за почеток на изградбата.

 

 

- Реклама -