Сирени на црвениот тепих

Фустаните – сирена, својот врв го достигнаа во осумдесетите години на минатиот век, но, судејќи по овогодинешниот црвен тепих на доделувањето на наградите Еми, повторно се вратија и тоа на голема врата, станувајќи прв избор на могу убавици.

Ваквиот фустан ја следи линијата на телото, со тоа што од колената кон стапалата полека се шири.

Но, иако овој крој особено ја истакнува женската силуета на песочен часовник, поради што најчесто е избор за совршени облини како оние на Софија Вергара, овој пат, беше избор за убавици со сосема различна градба на телото меѓу кои слабата Хајди Клум и бујната Кристина Хендрикс. Погледнете 15 сирена фустани кои очигледно никогаш нема да излезат од мода.

60857494

- Реклама -