СинтЕЗа: Спој на уметност, наука и технологија – вечер посветена на креативноста

Денес, 25 октомври, во Јавна Соба – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот настан СинтЕЗа, организиран од Халкбанк. Овој уникатен неколкучасовен настан ќе ги обедини младите таленти од седум факултети на УКИМ, кои преку уметност, наука и технологија ќе ги споделат своите иновативни идеи и визии. Настанот ја слави креативноста и мултидисциплинарната соработка, и е отворен за сите љубители на културата и иновациите.

- Реклама -