Синот на најбогатиот Кинез купил два часовници Apple за своето куче

За повеќето луѓе супер најскапиот златен часовник на Apple, кој се продава по цена од најмалку 10 000 долари, е несфатлив сон.

Ако сте синот на најбогатиот Кинез сепак, не е проблем да се купат два, и тоа, за кучето.

Ванг Сиконг, син на магнатот Ванг Дзиенлин, објави фотографии на свето куче, декорирано со накит од Cupertino, Калифорнија.

Кучето на Ванг има свој профил на популарната кинеска социјална мрежа Weibo. На фотографиите кучето носи часовник на Apple од розово злато со бела лента, кој се продава по цена од 88 000 јуани во Кина и 12 000 долари во САД.

ku1(1)

Текстот под сликите е преведен од Shanghaist и гласи: „Имам нови часовници! Требаше да имам четири, бидејќи имам четири нозе. Тоа сепак изгледа премногу богаташко и вулгарно, затоа ги ограничив до два. Имате ли таков часовник?“

Таткото на Ванг Сиконг е Ванг Дзиенлин, претседател на Dalian Wanda Group, најголемата градежна компанија во Кина и најбогат човек во Кина. Дваесет и шестгодишниот Ванг Сиконг е директор во компанијата и има завидно присуство во социјалните медиуми во Кина.

ku2(1)

Кание Вест, Бијонсе и Карл Лагерфелд се меѓу ретките ѕвезди среќници кои го поседуваат часовникот со златен ланец. Тој не се рекламира никаде на сајтот на Apple и очигледно се дава само на најголемите ѕвезди, што е доказ дека се уште има работи кои не можат да се купат со пари, пишува Business Insider.

- Реклама -