Италијанската фудбалска јавност е шокирана по најавата на „Кориере дело спорт“ дека тренерот на Болоња и поранешниот српски селектор Синиша Михајловиќ денес ќе објави дека ја напушта тренерската функција во клубот заради сериозна болест.
По деталните лекарски прегледи, препорачано е Михајловиќ да ја остави професионалната тренерска кариера и максимално да се посвети на здравјето.
Информацијата предизвика шок на Апенините и засега нема потврда за што поточно се работи, во очекување Михајловиќ сам да ја информира јавноста за ситуацијата и тоа што го планира за наредниот период.