Тетово, 10 септември 2021 (МИА) – Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.
„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „Форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.
Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информираа дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.