Филип Живојиновиќ, син на славниот тенисер Слободан Живојиновиќ и посинок на пејачката Лепа Брена доби улога во Холивуд и за тоа веднаш се пофали на Твитер.
„Актерско деби. Холивуд. Врв на мојата кариера. Глумам заедно со Кортни“, напишал тој за фотографијата што ја објавил на која позира во филмско студио заедно со кошаркарската ѕвезда Кортни Ли.
Филип живее во Лос Анџелес, а вработен е во компанијата „Релативити медија“ што снима филмови ширум светот, а некои од нивните клиенти се Џулија Робертс и Роберт Де Ниро.