Конечно ќе се исполни желбата на многумина да ги видат Хомер Симпсон и Питер Грифин во една заедничка епизода.Имено, објавени се првите фотографии од епизодата, а ќе се одвива на тој начин што семејството Грифин ќе замине на гости во Спрингфилд .
Двајцата карактери ќе имаат голема расправија за тоа кое пиво е подобро Duff или Pawtucket, а епизодата ќе се емитува во септември.
Кевин Рајли, директорот на Fox Entertaiment вели дека ова ќе биде епизода за која ќе се зборува со генерации.