Преслатките 9-месечни близнаци од видеото подолу ќе ви го разубават овој тмурен ден со криенката која ја играат. Имено, станува збор за „нова“ верзија на оваа игра, во која се што им е потребно се завеса и комфорни столчиња.
Момчето ја засмева својата сестра така што мистериозно „исчезнува“ криејќи се зад завесата, а секој пат кога повторно ќе се „појави“, таа прснува во неодолив смев.