Симпатични начини за украсување на подвитканите фармерки

Подвитканите фармерки до над глуждот, ќе бидат супер модерни и оваа година. Можат да се купат такви кои веќе се подвиткани, или тоа да го направите сами.

Ние, ви нудиме четири начини како да ги украсите, и да бидете уникатни.

Со шарена ткаенина

1

Имате потреба само од пиштол за топло силиконско или водоотпорно проѕирно лепило. Останатото е лесно – отсечете лента од ткаенина со ширина на подвитканиот дел и залепете ја.

Со нитни

2

За оваа идеја имате потреба од нитни (златни / сребрени). Едноставно ставете ги на саканото место.

Со чипка

3

Чипката е вечна класика – таа е нежна и женствена. За овој предлог залепете или порабете ја избраната чипка на просторот.

Со кожа

4

Уште една одлична идеја како да ги украсите вашите фармерките. Изгледа навистина одлично, нели?

- Реклама -