Оваа енергично ефективна куќа е дело на Фондацијата за инвестиции и одржливи технологии во Букурешт. Таа се наоѓа во романската столица Букурешт. Домот е дел од концептот Soleta zeroEnergy, насочен кон градење на еко домови од новата генерација.
Идејата е секој од нив да користи минимално количество енергија, која доаѓа од обновливите извори. Надворешните ѕидови на домот се минимизираaт и се заменети од високоефикасни прозорци, кои обезбедуваат максимален пристап на сончева светлина.
Куќата располага со природен систем за вентилација, соларни колектори, а во материјалите од кои е изградена, преовладува дрвото. Soleta ZeroEnergy One располага со 48 квадратни метри станбен простор.