Симовски: Шпекулациите за бројот на Бугари се чиста глупост, никој жив досега нема влезено во податоците

Шпекулациите за бројот на граѓани кои на тековниот попис се изјасниле како Бугари, се „чиста глупост“, оцени директорот на Државниот завод за статистика – Апостол Симовски, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Никој досега, потенцираше тој, немал пристап до базата со податоци за да може да постои таква информација.

„Тоа е чиста глупост и мислам дека такво нешто не заслужува коментар. Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за било какво влегување во него, па дури и од нашите вработени“, рече Симовски, додавајќи дека бројките ќе бидат достапни откако ќе заврши статистичката операција и вкупната обработка на податоците.

- Реклама -