Apple и Samsung се во преговори со телекомуникациските компании да лансираат стандардизирани електронски (е-SIM) картици, кои во телефоните ќе се користат за складирање информации. Се очекува новите картички да ги исфрлат од пазарот овие денешните, специјализирани за дигитална сигурност – производ на француската компанија Гемалто.
Вредноста на акциите на Гемалто опадна за 4.5% (на 79.39 евра/акција) во последните неколку дена. Компанијата веќе регистрираше голем пад на почетокот на годината, откако „постигна“ разочарувачки резултати во 2014-та година.
Apple, од друга страна, веќе почна да експериментира со новите е-SIM, па минатата година претстави нови модели на iPad опремени токму со Аpple SIM картичката. Ваквата вградена е-SIM картица им овозможува на корисниците да изберат мобилен оператор без потреба од тоа да купат нова / да ја заменат постоечката.
Новиот стандард би можел нашироко да биде имплементиран веќе следната година. Тоа значи дека комплицираните процедури и папирологии потребни при менување на операторот се ближат кон својот крај. Со новите e-SIM картички, операторот ќе може да се промени со едноставно подесување на менито на самиот мобилен уред.