Легендата на американскиот филм Силвестер Сталоне го поздрави новоизбраниот претседател Доналд Трамп како втор Џорџ Вашингтон за време на гала вечерата во Мар-а-Лаго во четвртокот, објавија американските медиуми.
Најавувајќи го појавувањето на Трамп на сцената, Сталоне го спореди со „таткото на нацијата“.
„Кога Џорџ Вашингтон ја бранеше оваа земја, не можеше да замисли дека со тоа ќе го промени светот“, изјави славниот актер.
„Не можете да замислите како би изгледал светот без него. Знаете што? Го добивме вториот Џорџ Вашингтон”, рекол Сталоне.
Креаторот на Роки не застана тука, тој го нарече Трамп и „митски лик“ а неговата победа на неодамнешните избори ја оцени како подвиг што „никој друг на светот не би можел да го изведе“.