Силвестер Сталоне и кучето што го продал

Ова е една од најтажните и најпознатите инспиративни вистински приказни поврзани со лице од Холивуд.

Главен лик е Силвестер Сталоне – светска американска филмска ѕвезда. Пред неколку години тој се борел за опстанок и имал тежок живот. Во еден момент останал без пари и го украл накитот на неговата сопруга, по што работите станале уште полоши, па една ноќ тој останал и без покрив над главата.

Да, таков бил некогаш Силвестер Сталоне – бездомник. Тој поминал три дена, живеејќи на автобуска станица во Њујорк. Немал како да си ја плаќа киријата и да купува храна.

Sylvester Stallone arriving to the NBC 2004-2005 Upfront Presentation at Radio City Music Hall in New York City on May 17, 2004. Manhattan, New York Photo© Matt Baron/BEImages

Ова сепак не бил крајот на неговата пропаст, според него. Најдлабокото дно го достигнал кога се обидел да го продаде своето куче! Сталоне немал повеќе пари да го храни и го продал за само 25 долари, на непознат маж во продавница за алкохол. Подоцна раскажува дека по “договорот” тргнал да плаче. Две недели подоцна гледал бокс натпревар меѓу Мохамед Али и Чак Вепнер. Овој натпревар го инспирирал многу. Откако го изгледал решил да напише сценарио за филм, и така се родил “Роки”. Сталоне го напишал сценариото за 20 часа! Потоа се обидел да го продаде на филмско студио и добил понуда – “125 000 долари”. Но, компанијата која ја дала понудата, имала еден услов. Таа сакала во филмот да учествува веќе афирмирана ѕвезда, а Силвестер Сталоне тежнеел кон тоа да  биде во главната улога и да го одигра самиот Роки. Студиото после новите преговори повторно рекло “Не”, инсистирајќи да добие “вистинска ѕвезда”. Тие му кажале на Сталоне дека изгледа чудно и зборува на смешен начин, па тој си заминал со сценариото под рака. Неколку недели подоцна, неговото студио предложило нова понуда – “250 000 долари”. Тој одбил. Потоа му предложиле 350 000, но Сталоне повторно ги одбил. Студиото го сакало филмот. Тие увиделе голем потенцијал во сценариото, па не се штеделе на понуди, иако главен услов им останала реализацијата на истиот со друг актер.

stalone

Сепак, по некое време студиото попуштило и го купило сценариото за 35 000 долари. Тогаш му дозволиле да учествува. Останатото е историја. Лентата освои “Оскар” за најдобар филм, за најдобра режија, за монтажа. Освен тоа Сталоне беше номиниран за најдобар актер на годината. Во американската национална филмотека “Роки” е запишан како еден од најголемите филмови на сите времиња. А знаете ли што било првото нешто што Сталоне го купил со 35-те илјади долари, кои ги добил за сценариото? Кучето што го продал. Тој го сакал кучето толку многу што отишол пред продавницата за алкохол, каде што го продал, и стоел таму три дена, чекајќи го мажот, кој го купил. Третиот ден мажот се појавил – со кучето. Сталоне објаснил зошто го продал своето куче и го замолил да го откупи. Мажот одбил. Сталоне му понудил 100 долари. Мажот одбил. Му предложил 500 долари. Мажот повторно одбил. Тој одбил и 1.000 долари. На крајот, Силвестер Сталоне го откупил кучето за 15 000 долари, и си го зел дома.

Денес истиот тој Сталоне, кој спиел на улиците, е една од најпознатите филмски ѕвезди во светот.

- Реклама -