Силното невреме во САД зема 14 жртви

Бројот на загинатите во бурите кои ги погодија јужните делови на САД, достигна 14 лица. Седум лица загинаа во Мисисипи, три во Тенеси, а еден човек загина во Арканзас.

635865078411242994-Storms-South-Kell
Заканата од торнадо се намали откако стихијата се пресели на исток, носејќи силни дождови и грмотевици во градот Атланта и во државите Северна и Јужна Каролина.

Во зоните кои беа најсилно погодени, потрагата на луѓе се уште продолжува.

Во средата бурите беа проследени со силни ветрови и предизвикаа над 20 торнада во Арканзас, Илиноис, Индијана, Мисисипи, Тенеси и Мичиген. Огромно торнадо во северниот дел на Мисисипи уништи над 100 згради, а потоа се упати кон западниот дел на Тенеси. Во Мисисипи беше прогласена вонредна состојба во седум окрузи. Во државата загинаа шест лица, а двајца се водат како исчезнати.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Стихијата се случи непосредно пред празниците, кога се очекуваше околу 100 милиони Американци да патуваат. Метеоролошката служба предвидува изолирани грмотевици од средноатлантичкиот регион до брегот на Мексиканскиот Залив, како и рекордно високи температури во Њујорк.

550 летови се откажани, а 4276 се извршени со задоцнување поради лошите временски услови. Во Атланта е најголем бројот на задоцнети летови.

- Реклама -