Силна магнетна бура ќе ја погоди земјата

Силна магнетна бура, предизвикана од излив на плазма од Сонцето се очекува да се случи на  Земјата денеска (22.08).

Научниците-астрофизици предупредуваат за можни пречки на комуникациите, а лекарите за можно влошување на здравствената состојба.

Изливот на плазма бил  регистриран на 20 август од вселенската опсерваторија Сохо, со тоа што подоцна научниците ја  измериле брзината на честичките и прогнозирале можна магнетна бура на Земјата.

- Реклама -