Силјановска и Пендаровски во „Еден на еден“: Опиши го Бранко Црвенковски со еден збор (ВИДЕО)

Во вчерашната, може да се рече легендарна епизода на „Еден на еден“ со Жарко Димитриоски, претседателските кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски ја покажаа и својата забавна страна. Сепак, тоа не значи дека не се спомна политика; сепак и политиката знае да биде забавна, особено кога двајцата актуелни кандидати, без никаков договор, со ист збор опишуваат еден од поранешните претседатели на државата – Бранко Црвенковски.

Прашањето беше следново: Како со еден збор би ги опишале претходните претседатели?

Силјановска за Киро Глигоров: „Харизматичен државник, иако го нарекуваа и искусен лисец, политички. Би рекла харизма“.
За Борис Трајковски: „Смирен, посветен, верник. Смиреност, во голема мера. А тоа е важно за претседател“.
За Бранко Црвенковски: „Од иста гимназија сме. И тој бил првенец, и јас сум била првенка на Ѓорги Димитров, брилијантен студент, брилијантен ученик, неверојатно интелигентен, брз во мислата, а со еден збор – политички мангуп“, одговори Силјановска (15:37 во видеото).

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Пендаровски за Киро Глигоров: „мудар, мудрост“.
За Борис Трајковски:
„Човек, човечност“.
За Бранко Црвенковски:
„Мангуп“.
За Ѓорге Иванов: 
„Не знам кој збор за него (се смее). Може во поише зборови? Без да одиме во навреди, немам намера тоа да го правам, би рекол – не беше за таму“, одговори Пендаровски (55:50 во видеото).

- Реклама -