Силјановска: Најважно е да имаме држава во која владее правото

Гордана Силјановска-Давкова не се сложува со изјавата на министерот за надворешни работи – Никола Димитров, дека овие избори ќе претставуваат избор меѓу надежта и минатото. „Сè уште ги паметиме неговите изјави во минатото во Хаг, додека беше министер на ВМРО-ДПМНЕ“, порача кандидатката за претседател во вечерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5, истакнувајќи дека за разлика од Димитров, таа уште од 1994 година е надвор од политиката.

Силјановска надежта ја гледа единствено во тоа во државата да владее правото, а во премиерска држава, порача таа, такво нешто не е можно, исто како што не е можен ни патот до Европската унија.

„Нема поголема надеж од држава во која владее правото, само таа надеж е европска надеж. Не се оди во ЕУ со кршење на правото: од начинот на кој се менуваше Уставот, до амнестијата, до начинот на вработувањата“, порача Силјановска.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

- Реклама -