Сиљановска Давкова за ДУИ и за наводната „мајоризација“: Логично е некогаш да бидете власт, а некогаш да бидете опозиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не ја исклучува можноста пред завршувањето на последниот рок да го додели мандатот за состав на новата влада и вели дека е логично некогаш да бидете власт, а некогаш опозиција.

-Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, рече Сиљановска Давкова во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.

Прашана за коментар за обвинувањата на Европскиот фронт за мајоризација над малцинството, рече дека тоа апсолутно не држи.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

-Тоа обвинување не држи. Не разбирам што значи тоа мајоризација над малцинството. Нема такво нешто. На изборите има еден победник. Секогаш нашите влади од првата во 90-тите години од минатиот век, па до денеска биле мултиетнички затоа не можам да забележам мајоризација, рече Сиљановска Давкова.

Нагласи дека изборот на владата се прави според идеолошката определба, според програмските определби и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

-Логично е некогаш да бидете власт, а некогаш да бидете опозиција. Опасно е да бидете секогаш власт. Власта оптоварува, а апсолутната власт – апсолутно. Затоа време е за промени, истакна Сиљановска Давкова.

- Реклама -