Сиљановска-Давкова: Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да работи согласно Уставот и Деловникот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците. Партиски, лични и субјективни – така ги карактеризираше изјавите.

„Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот“, рече претседателката прашана за изјавите на партискиот лидер на ДУИ – Али Ахмети, во пресрет на седницата за Законот за јазици, закажана за утре.

Прочитајте и:  Османи: „Стражата на јазикот“ е стража на разумот, во ова сме сплотени сите независно од етничка и партиска припадност
- Реклама -