Силен земјотрес од 7.5 степени на источниот брег на Русија, издадено предупредување за цунами

Откако далечниот исток на Русија го погоди силен земјотрес со магнитуда од 7.5 степени и епицентар во близина на брегот на Камчатка, издадено е предупредување за цунами. Можни се бранови и до 300 километри од пеицентарот.

Земјотресот е регистриран во петокот рано утрото по локално време (Камчатка е 11 часа понапред од нас), на длабочина од 33 километри под Беринговото море, на околу 80 километри источно од брегот на Камчатка.

Најблиското населено место е селото Николскоље на Беринговиот остров.

Половина час по првичниот потрес од 7.5 степени, регистриран бил уште еден – афтершок од 5.7 степени.

Во афектираната област се очекуваа бранови до 1 метар над нивото на плимата. Немало ризик за Алјаска, континентален САД, или Хаваи, објавија од Центарот за предупредувања од цунами во Пацификот при американската влада.

Немало жртви или оштетен имот како последица од земјотресот на Камчатка, соопштија руските владини претставници.

Областа каде се случил земјотресот се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен“ – сеизмички активна област долж работ на Пацификот. Пред три недели земјотрес од 7.2 степени го погоди Енкориџ, Алјаска, со големи штети, но без жртви.

 

 

- Реклама -