Сибир: 7.000 подземни меури со метан можат да пукнат во секој момент

Во Јамал во Сибир досега се откриени околу 7.000 меури под површината на земјата исполнети со метан. Овие метански меури го прошараа Јамалскиот полуостров и Гиданската рамнина со кратери кои наликуваат на вулкански окна.

Последици од глобалното загревање

Уралскиот огранок на Руската академија на науки претпоставува дека значителното зголемување на температурите на арктичкиот регион предизвикува пермафростот да се топи и да ги ослободува овие големи количини на метански гас. Научниците и еколозите се со право загрижени дека пораст на глобалната температура од околу 1.5 Целзиусови степени е доволен да предизвика топење. Со постојаната борба на планетата со климатските промени, не е изненадувачки што „природните чудовишта“ – како метанските меури, почнуваат да се јавуваат во голем број/количини на површината на Земјата.

Видеото покажува колку фрагилно изгледа површината на земјата што ги покрива овие метански дупки, и како мала пукнатина може да го ослободи гасот заробен под неа.

https://youtu.be/06Xc3LtZRWo

„Гасот што се крева до површината низ мрежата од пукнатини и шуплини во земјата предизвикува зголемен притисок во глинените слоеви на палео-пермафростот, и пробива низ ослабените негови делови, формирајќи избори на гас и кратери од меури“, објаснува Василиј Богојавленски од Руската академија за науки.

Истрагата на овие рани дупки покажа дека ослободуваат сериозни количини гринхаус гасови – околу 1000 пати повеќе метан отколку споредено со нивоата во атмосферата, и 25 пати повеќе јаглерод диоксид.

Овој конретен регион во Сибир датира од пред околу 100 милиони години, и претставува „регионален резервоар на гасови“, кој е многу плиток – 500 до 1200 метри. Сите најголеми количини на гасови се откриени во овој предел.

Следново видео, снимено лани во Јамал, ги покажува енормните димензии на метанските дупки.

https://youtu.be/AqunK_Zev1E

Патем, метанот се создава и едноставно од загревањето на Земјината површина и геолошките особини на теренот.

Ефектите од метанските меури

Јамалскиот регион е важен за производство на енергија, и појавата на овие метански меури може да го загрози тамошниот (во голем дел од Русија) транспорт и инфраструктурата. Бидејќи метанот е високо-запалив, опасно е да се има неколку илјади локации со ваков заробен гас под енергетските и нафтени централи. Русите ќе мораат однапред да ги лоцираат ваквите и да го ослободат гасот пред спонтано да експлодираат.

Од друга страна, на глобално ниво, бидејќи метанот е екстремно запалив, високите концентрации од јаглерод диоксид во меурите се алармантни. Светот поминува низ брза и неповратна фаза на глобално загревање, а придонесот на околу 7.000 метански дупки, концентрирани во еден регион, е далеку од добредојден. Напротив, сите еколошки аларми се на црвено.

Научниците во меѓувреме сé уште ги проучуваат кратерите и лоцираните заробени гасови на терен, во обид подобро да разберат што ги создава и кои сé се потенцијалните опасности.

- Реклама -