Сибиха: Кога успешно ќе заврши контраофанзивата, Украина е подготвена да разговара со Москва за Крим

Киев е подготвен за дипломатски разговори со Москва за иднината на окупираниот полуостров Крим, но под еден услов.

„Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога ќе сме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим“, изјави украинскиот дипломат и заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски – Андриј Сибиха, во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, оваа изјава претставува важна и досега најексплицитна порака дека „Украина е заинтересирана за преговори со Русија“.

Изјавата на Сибиха, оценува исто така Фајненшл Тајмс, би можеле да ја ублажат загриженоста на западните лидери кои, како што пишува, се скептични околу способноста и капацитетите на украинската армија за воено ослободување на Крим, но и загрижени за „можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја ескалира војната“ при таков обид, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.

Прочитајте и:  Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

Зеленски досега ја негираше можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина.

Извор: МИА

- Реклама -