Си замина циклонот „Тамара“

Циклонот „Тамара“ кој во последните неколку денови направи вистински пустош ширум Србија и Босна и Херцеговина, конечно „го напушти“ регионот кој го остави поплавен“.

Кога беа направени првите сателитски снимки од олујниот облак, Србија се наоѓаше во самиот центар.

Но, според последните фотографии направени од NASA, облакот се поместил на северозапад, па така, денес низ поголемиот дел од Србија и Босна и Херцеговина владееше сонце.

Метеоролозите предвидуваат дека ваквата временска промена значително ќе го забрза повлекувањето на надојдените води, а топлото време се очекува и во текот на целата наредна седмица.

471639_tamara-01_lb

- Реклама -