Канаѓанката Клоди Дубруил е една од оние сонувачите кои сакаат нештата да ги прават поинаку. Во нејзиниов случај, се работи за изградба на куќа, што Клоди реши да ја направи од контејнери, од оние големите метални наменети за транспорт на стоки. Прво што направила: контактирала една градежна компанија и набавила четири такви, а по само две недели работа, сé тоа е покриено со дрво и претворено во, за Клоди, домот од соништата.
И навистина, резултатот изгледа предобро. Куќата е опремена со сите неопходни елементи: спална, бања и купатило, дневна соба, кујна, канцеларија, па и фино терасиче. Има и панорамски прозорци што обезбедуваат добро природно осветлување, а декорацијата е приказна сама за себе. Додуша Клоди има малку чуден вкус околу тоа тоалетот и креветот да и се практично во една соба, ама па што, вие не морате така.