По завршувањето на работното време, 19-годишната Шон Хедер навратила до локалниот маркет за да си купи шише вино. Бидејќи изгледа помлада од нејзината возраст, а продажбата на алкохол на малолетници е забранета, продавачите ја замолиле да им ја покаже личната карта. Британката тоа го направила без противење, купопродажбата завршила без проблеми, се додека на пат кон дома Хедер не погледнала во сметката.
Како што може да се види, не само што и било наплатено виното, туку на сметката има наведено и 1 пени како наплата за „успешно покажување на лична идентификација“. Не дека сумата е голема (околу 2 денари), ама досега во светот не се слушнало за случај од ваков тип.