Си ја изгубила камерата на море; Нуркач ја нашол година подоцна; Сликите неоштетени

Емили Демело, студентка од Канада, пред отприлика една година била на одмор на Куба. Кога додека се сликала со пријателите и паднала камерата во морето, таа мислела дека е загубена засекогаш. А одморот бил прекрасен, како што вели таа, и имала еден куп прекрасни моменти овековечени во камерата.

Па, можете да претпоставите колку голема била нејзината изненаденост кога една година подоцна, странец ја контактирал на Фејсбук, тврдејќи дека го нашол загубеното и дека нејзините фотографии успеале некако да ја преживеат океанската авантура, и тоа неоштетени.

emily demello 3.jpg

„Се фотографирав со пријателите во океанот кога ме удри силен бран и ми ја турна камерата од рацете“, објаснува 21-годишната Емили за MailOnline Travel. „Ја баравме околу 20 минути, одејќи наоколу низ областа во водата и покрај плажата. Веројатно струјата ја повлеква веднаш штом паднала во водата“.

emily demello 2.jpg

Година подоцна, Емили прима Фејсбук порака од извесен Рубен Уркиза, професионален нуркач од Куба. Пораката гласи:

„Здраво Емили, јас сум од Куба, се викам Рубен. Знам дека си била во мојата земја во 2012-та бидејќи јас сум нуркач во Варадеро и ја најдов твојата камера крај плажата. Те молам прифати ме во твоите Фејсбук пријатели и ќе ти ги пратам твоите слики! Извини за мојот лош англиски, имај убава недела!“.

ad_154671623-e1419082148827[1]

Разбирливо, Емили била воодушевена од оваа неочекувана порака. „Додека ја читав пораката буквално полудев од радост. Веднаш отрчав доле за да им кажам на моите што се случило. Мислам дека е прекрасна приказна – навистина личи на нешто излезено од филм“.

emily demello 10.jpg

Но, текстов не е за фотографиите на Емили. Текстов е мала претпразнична философска контемплација за тоа дека постојат луѓе како Рубен, кои прават неверојатни нешта и се подготвени да вложат време и напор за на некој друг да му го разубават денот. Уште повеќе, за тоа дека животот постојано има убави изненадувања во ракавот, макар биле и ситни како ова на Емили. Никогаш не се знае, и ништо не е загубено засекогаш. Затоа вреди да се има надеж, да се биде оптимист и да се сака секој нов ден.

- Реклама -