Си изградил куќа на кров на зграда

Балкан си е Балкан, и редовно ќе се најде некој да си прави што му текне, а службите да си молчат.

Истото е случај и во Зеница во Босна и Херцеговина, каде некој паметен од заедничката тераса на кровот на зградата си има направено цела куќа. Куќава таму стои повеќе години.

Од градскиот катастар велат дека човекот (го знаат по име и презиме, нормално) двапати до нив поднел барање за градба, и двапати бил одбиен. Наводно Службата за инспекција дури има донесено и решение за рушење, но ете, до ден денес не е реализирано.

Градителот немал никаква согласност ни од станарите, а не ни побарал, но куќата не е единственото нешто што го направил по свое; според нивните зборови, типов сам си пуштил и парно.

Уште нема знаци дека нешто конкретно ќе биде преземено, сé се сведува на ветувања.

 

- Реклама -