Си-ен-ен: Воки-токи апаратите што експлодираа во Либан биле произведени од јапонска фирма и повлечени од употреба

За потсетување, според здравствените власти во Либан, денеска најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 450 се повредени откако воки-токи апарати експлодираа во нов бран експлозии

Воки-токи апаратите што денеска експлодираа во Либан се произведени од јапонската фирма ИКОМ, соопшти либанското Министерство за комуникации, пренесува Си-ен-ен.

Но, според проценките, се работи за модел што одамна е повлечен од употреба.

Според анализата на Си-ен-ен, каде што се објавени и фотографии од остатоци од оштетени воки-токи апарати, се вели дека ја носат ознаката ИЦ-V82, но дека сите модели од оваа серија се фалсификувани.

Дел од екплодираните воки-токи апарати / Фото: Принтскрин

За потсетување, според здравствените власти во Либан, денеска најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 450 се повредени откако воки-токи апарати експлодираа во нов бран експлозии.

Еден ден претходно во експлозиите на пејџери загинаа најмалку 12 лица, а беа повредени повеќе од 2 800 лица.

- Реклама -