Швеѓани маде ин Јапан

swedenhills0

Некаде по ридовите на околу 30 километри од Сапоро Сити, Јапонија, ќе налетате на мало селце што се вика „Шведски ридови“. Такво е какво што му е името: целата архитектура е во шведски црвено-бел стил, луѓето прават шведски традиционални ракотворби, се слават традиционални шведски празници, се зборува и шведски јазик… Има само еден мал „проблем“ што може да му навести на некој Швеѓанец дека не е во родната земја – луѓево се Јапонци.

Живеат во Тобецу, на островот Хокаидо, на 8.000 километри оддалечени од Шведска, но тоа не ги спречува да си го тераат филмот, кој е резултат на збратименоста со шведското градче Лександ – другарство што трае уште од пред 30 години. Планирањето на Шведски ридови почнало во 1979-та, кога еден шведски амбасадор ја посетил областа и бил запрепастен од тоа колку слична е со неговата родна земја. Конструкцијата на градчето почнала во 1984-тата.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Ви текнува како Кинезите и Јапонците сакаат да учат македонски? Тоа е затоа што се посветени на негување и почитување на туѓите култури. Ова е уште еден таков пример, со тоа што од 2005-тата, повеќе од 550 Јапонци се имаат изјаснето дека селцето им е дом.

И така, Јапонциве си зборуваат на шведски, слават летни фестивали со сите шведски обичаи, веат шведски знамиња, а по улиците можат да се видат и како носат шведски народни носии. Зошто? Зошто па да не.

Hokkaidoswedishjapan3 Hokkaidoswedishjapan5 Hokkaidoswedishjapan6  swedenhills1 swedenhills3 swedenhills4 swedenhills5 swedenhills8 swedenhills9 swedenhills10 swedenhills11 swedenhills12

- Реклама -