Полицијата од Шведска застрелала 20-годишно момче со Даунов синдром и аутизам додека се движело со пластичен пиштол во раката.
Полицајците мислеле дека тој носел вистински пиштол и процениле дека ситуацијата е заканувачка за општата безбедност.
Инцидентот се случил во округот Васастан во Стокхолм откако полицијата примила дојава дека е забележан маж кој шета по улиците со пиштол во раката.
Тие побарале да го спушти пиштолот на земја и откако момчето не послушало, била издадена наредба за пукање. Кратко потоа сфатиле дека оружјето не е вистинско. Момчето починало кратко откако било примено во болницата.