Шведска телевизија измеша политичка дебата со детски титлови

Или Трамп создал свои приврзаници меѓу шведските политичари, или шведскава телевизија попара направи со титловите за време на една политичка дебата.

Дебата ко дебата, обично е нешто поинтересна од гледање на асфалт како капе. Ама оваа во случајов беше уживанција за гледање, бидејќи по грешка ѝ залепија титлови од детско шоу. Резултатите беа пресмешни.

Министерката за животна средина, на пример, ги поздрави присутните со зборовите „Поздрав, суштества од Земјата“.

Продолжи со: „Имам два пара чизми, црвени и жолти…“

„Кои да ги земам? Ај ќе ги прашам куклите“

Имаше и други, ама сепак, врвот беше поранешниот Министер за образование и актуелен Министер за песочни замоци – Јан Бјорклунд. Неговата титлувана изјава беше ваква:

„Ќе го изградам најдобриот песочен замок во галаксијата!“

- Реклама -