Шведска призна дека потфрлила да ги заштити постарите лица: 90% од пoчинатите имале над 70 години

Шведска, чиј помек пристап кон епидемијата на коронавирусот ги полни насловите од самиот почеток на воведувањето на рестриктивни мерки ширум Европа, призна дека потфрлила адекватно да ги заштити постарите граѓани. Од старечките домови произлегуваат околу половина од cмpтните случаи во земјата.

Последниве недели насловните страници во земјата се преплавени со извештаи за персонал кој продолжува да работи и покрај недостатокот од заштитна опрема. Дел од персоналот, исто така, одбива да работи, а дел од старечките домови ги охрабруваат своите вработени да останат дома дури и со благи cимптоми, што ги остава со недоволно персонал.

Дел од овие вработени отворено признаваат дека одат на работа и покрај тоа што пројавуваат cимптоми на коронавирусот, потенцијално заpaзувајќи ги штитениците. Дел од штитениците, пак, тврдат дека,  наводно, се заpaзиле со Ковид-19 кога биле xocпитализирани заради други третмани, а потоа биле пратени назад во старечките домови каде без да сакаат ја ширеле болecта, пренесува АФП.

Заклучно саботата, Шведска има пријавено 3.220 cмpтни случаи.

Уште на почетокот на епидемијата Шведска уверуваше дека заштитата на граѓаните со над 70 години ќе биде врвен приоритет. А сепак, 90% од пoчинaтите до 28 април биле на возраст над 70. Половина биле штитеници во старечки домови, а уште четвртина добивале нега дома, покажуваат државните статистики.

„Потфрливме да ги заштитиме нашите постари сограѓани. Тоа е навистина сериозен и пропуст на општеството во целина. Мораме да научиме од ова, сѐ уште не сме завршиле со оваа пандемија“, изјави неодамна на една шведска телевизија Лена  Халенгрен – министерка за здравство и социјални работи.

За разлика од другите европски земји, Шведска ги остави основните училишта отворени, како и баровите и рестораните, но им порача на граѓаните да ги почитуваат правилата на социјално дистанцирање и препораките за хигиена. Посетите на старечките домови ги забрани дури на 31 март.

Соседните нордиски земји исто така воведоа забрани отприлика во исто време, но бележат далеку помалку cмpтни случаи во старечките домови. Сепак, за разлика од нив, старечките домови во Шведска често се големи комплекси со стотици жители. Тие ги вдомуваат само оние со лошо здpaвје и оние кои не можат да се грижат самите за себе. Оттаму, овие граѓани се сметани за „многу ризична група“.

Повеќе тука.

- Реклама -