Шведска компанија им вградува чипови на своите вработени

Шведскиот технолошки комплекс „Epicenter“ на своите вработени почна да им вградува чипови под кожата, наместо идентификациони картички. Исто како и картичките, чиповите ќе служат за да можат вработените да се „чекираат“ при доаѓањето и заминувањето од работа.

RFID чипот (радио идентификациски чип) има големина на зрно ориз и се вбризгува под кожата со специјална инекција, најчесто во пределот помеѓу палецот и показалецот.

Фелицио да Коста, чија компанија работи во склоп на комплексот, е еден од првите што го добија чипот. Тој е приморан да ја прислони својата рака пред читачот на влезната врата, за да ја отвори. Истото мора да го направи и при влезот во својата канцеларија, при користење на фотокопирот и во уште неколку слични ситуации. Покрај него, во комплексот работат уште 700 вработени врз кои исто така се врши благ притисок да се „чипираат“.

Инаку, освен за отварање врати, со чипот можете да плаќате се што се продава во комплексот, како на пример кафето и храната во кафулињата и продавниците.

image[1]

Како што е обичај кога станува збор за „нова“ технологија, а особено контроверзна како оваа, мислењата се поделени. Коста, на пример, смета дека нема ништо претерано во чипирањето на вработените.

„Оваа технологија ни е многу блиска. Никој не може без мобилен телефон, картичка и компјутер. Разликата е единствено што при употребата на чипот не ни требаат никакви шифри – единствено е потребно само мало движење со раката“, вели тој.

Од друга страна, противниците сметаат дека спојот на човечкото тело и технологија се одвива пребрзо, а добар дел го сметаат дури за морничав и опасен.

Делумно слично мислење има и Ханс Сјоблад, член на шведската биохакерска група BioNyfiken и шеф на „Epicenter“, човекот кој ја даде иницијативата за чипирање на вработените. Тој смета дека чипирањето на луѓето е неизбежно и дека ова е само подготовка за моментот кога „и другите ќе посакаат да ни вградат чипови“.

„Сакаме да ја разбереме оваа технологија пред големите корпорации и влади да одлучат дека е време за тоа. Ако дојде до тоа, ние веќе ќе знаеме како тие чипови функционираат“ – вели Сјоблад.

Сега за сега, чипирањето е на доброволна база. Чиповите ги вградува професионален тату-мајстор.

chipped1[1]

- Реклама -