Шварцвалдот на многумина им е омилен вкус на сладолед. Но, еве како да подготвите вистински и богат десерт.
Состојки
За пандишпан: 125г путер, 125г чоколада, 5 јајца, 125г шеќер, 125г брашно
За фил: 700мл слатка павлака или 800г кисела павлака, 50г шеќер (со слатка павлака) или 200г шеќер (со киселата), 15г желатин
За фил 1: 50г шеќер, 300-500г вишни
Подготовка
Путерот и чоколадата стопете ги на пареа, па додајте ги жолчките. Одвоено сматете снег од белки постепено додавајќи шеќер во нив, а на крајот додадете го брашното. Соединете со првата смеса и печете и печете десетина минути на 175 степени. Испечениот пандишпан оладете го и исечете го на два или три дела.
Желатинот растворете го во ладна вода, стопете го и измешајте го со павлака и шеќер.
Вишните и шеќерот гответе ги малку на оган, па оладете ги и исцедете. Од сматената павлака оставете мал дел за декорирање, а остатокот измешајте го со вишните. Филувајте ги корите со павлака и вишни, а последната пемачкајте ја одвоено со павлака.
Одозгора може да изрендате чоколада.
Добар апетит!