Швајцарски научници, со помош на вештачка интелигенција, мерат длабочина на снег преку сателити

Федералниот институт за технологија во Цирих (ETH) и швајцарската фирма Exolabs користеле фотографии од сателитот Sentinel-2 на Европската вселенска агенција (ЕСА) за мерење на длабочината на снегот со помош на вештачка интелигенција.

На секои пет дена овие сателити прават снимки од секоја локација на Земјата, на која истражувачите додале детални теренски податоци за Швајцарија, пишува Swiss info.

Користејќи го овој сателит и теренските податоци, истражувачите програмирале  вештачка интелигенција за да ја измерат длабочината на снегот на повеќе локации, а за да го постигнат тоа користеле метод наречен „учење под надзор“.

Истражувачите правеле системски проценки на длабочината, кои подоцна ги споредувале со реалните резултати од мерењето на длабочината на снегот и соодветно на тоа го приспособувале системот за да ги намалат грешките во проценката.

Прочитајте и:  Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе

„Иако најдобрите постоечки мапи за снег во Швајцарија имаат резолуција од околу 250×250 метри, нашите карти можат да се зумираат до 10×10 метри за да се прочита длабочината на снегот. Веруваме дека поставуваме нов стандард во нашата земја“, посочува професорот Конрад Шиндлер во соопштението .

- Реклама -