Швајцарска компанија прави дијаманти од човечки остатоци!

Швајцарската компанија Algordanza дефинитивно го привлече вниманието на целиот свет и е главна тема деновиве на социјалните мрежи заради својата дејност – компанијата произведува дијаманти од човечки остатоци, односно од материите кои остануваат после кремирањето!

Како се прават?

Оваа швајцарска компанија ги презема човечките остатоци од кремирањето и ги става под многу висок притисок кој ги загрева до степен еднаков со топлината на најдлабоките јадра во Земјината кора. Оттука, истите тие остатоци се компресираат со цел да се претворат во вредни дијаманти.

Основачот и СЕО-то на Algordanza изјави дека на оваа идеја се сетил уште пред 10 години. Риналдо Вили во никој случај не згрешил со својата морбидна визија и веќе има огромен број на клиенти во дури 24 држави ширум светот.

Секоја година тие ја процесираат пепелта од кремирањето на околу 800 до 900 луѓе. А после процесот на производство кој трае цели 3 месеци, пепелта се претвора во дијамант кој може да биде спакуван во украсна кутија или дизајниран како ултра модерно парче накит.

Бојата на дијамантите обично варира од сина до сивкаста, а Вили изјавува дека таа боја се добива заради пронајдените остатоци од хемискиот елемент бор во човечкото тело, елемент кој е суштински значаен за формацијата на коските.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -