Швајцарско чудо

Дали сте слушнале се швајцарската автомобилска марка Ron Automobile? Рака на срце признаваме дека и ние не знаевме многу за нив, но еве ќе ги запознаеме преку нивниот нов модел RXX.

1

Опишан како „супер лесен“ предводник, RXX поседува футуристички стил со аглести линии и меки површини. Двете седишта на моделот се наоѓаат едно зад друго и секој има свој кокпикт. За жал, се уште нема многу информации за интересниот спортист, но од Ron тврдат дека тој ќе има лесна шасија и карбонска каросерија. Освен тоа ќе има динамични карактеристики и извинредни перформанси. Подготвени се и различни верзии на моделот – RXX, RXX-S и RXX-R. Секоја од нив ќе има свои карактеристични екстериерни елементи и соодветната моќност.

2

Oд компанијата работат и на R7 кој црпи инспирација од британскиот Lotus Seven. Во моментов се конструира прототипот, но нема податоци дали ќе се стигне и до сериски модел.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -