Се чувствувате заглавени во урбаната џунгла и сонувате за некое позелено место? На секој барем еднаш му се случило тоа, но не е секогаш лесно да се избега од сѐ и да се отиде во кратка прошетка во некоја шума. DUS Arhitects им го овозможи тоа на жителите на Амстердам во проектот наречен „Бесконечни урбани шуми“.

Бесконечни урбани шуми беше привремен уметнички павиљон на Oosterdokskade во Амстердам. Она што однадвор изгледа како бела кутија од 4 метри квадратни, во внатрешноста крие шума која се протега до бесконечност. Со помош на стратешки поставени огледала, архитектите од DUS ја направија оваа илузорна шума од само едно дрво. Сликата од дрвото се повторува во огледалата, создавајќи чувство дека можете да шетате во шумата до бесконечност. Замислата на проектот е на минувачите да им се даде шанса да се одморат од секојдневните обврски и да се релаксираат на кратко во мирно и зелено место.