Штрајкувал со глад пред куќата на саканата за да ја натера да се омажи за него

Порталите се полни со совети за тоа како да ги вратите бившите, ама едно нешто нема да прочитате – штрајк со глад, па уште и пред куќата каде што таа живее. Сè до сега.

Индиец кампирал и штрајкувал со глад пред куќата на својата долгогодишна девојка која одеднаш прекинала контакт со него. „Индискиот Ромео“ одбивал да јаде сè додека не биде исполнет условот – таа да се согласи да се омажи за него.

Младиот Ананта Бурман, од индиската сојузна држава Западен Бенгал, и неговата сопруга Липика, биле во стабилна врска осум години. Одеднаш, таа целосно ја прекинала комуникацијата со него – не одговарала на неговите повици и WhatsApp пораки, а го блокирала и на сите друштвени мрежи.

Ананта заклучил дека нешто не е во ред, па почнал да се распрашува наоколу, дознавајќи поразителна информација – дека родителите на Липика договориле таа да се омажи за друг маж.

Свесен дека нема многу време и дека ако не направи ништо заескогаш ќе ја загуби, Ананта седнал пред нејзината куќа и го започнал гладувањето, држејќи транспарент со натпис: „Вратете ми се, осум години“.

Набрзо младиот Индиец го привлекол вниманието и на минувачите, па многумина од нив, дознавајќи ја неговата приказна, му се придружиле во знак на поддршка. Штрајкот со глад прераснал во мал мирен протест.

Веста се проширила во локалната заедница, па наскоро се обидело да реагира, во соработка со полицијата, и семејството на договорениот сопруг на Липика. Меѓутоа, Ананта одбивал да се помести и да го прекине гладувањето,  сè додека не му се влошила здравствената состојба.

Ананта наскоро бил пренесен во болница, каде што продолжувал да одбива да јаде. Но „мисијата“ била поактивна од кога било – локалните жители интервенирале кај семејството на Липика и ги молеле нејзините родители да ја откажат договорената свадба и да им дозволат на Липика и Ананта да се венчаат.

Семејството на невестата, на крајот, сфатило дека против љубовта не се може. Ја откажале договорената венчавка и наместо тоа веднаш организирале свадба за Ананта и Липика. Фотографии од венчалната церемонија на среќниот индиски пар беа објавени и во локалните медиуми. Ова се младите:

- Реклама -