Што знaеме за наводниот „мозок на операцијата“ кој стои зад нападот во Париз?

abaul

Не е прв пат Абделхамид Абауд, наводно „мозокот“ на нападот во кој во петокот во Париз беа убиени најмалку 130 луѓе, да го поврзуваат со планирањето на терористичките напади.

Француските власти во понеделникот ја започнаа потрагата по Абделхамид, двесетиседмогодишниот Белгиец по потекло од Мароко кој најверојатно живее во бриселското предградие Молебек. Од истото место се уште најмалку тројца осомничени за овој напад. Според првичните информации, постои можност Абауд веќе да избегал назад во Сирија.

Изворот близок до француските истражни органи изјавил за Ројтерс :  „Се чини дека Абауд е човекот кој стои зад неколку планирани напади низ Европа“.

Абауд станал нашироко познат како потенцијален терорист уште од минатиот јануари, откако белгиските медиуми пишуваа дека тој е човекот што стои зад неуспешниот напад над полицијата во оваа земја.

Белгиските власти во јануари покренале антитерористичка акција во Вервје во близина на Брисел за да уништат тамошна ќелија  на Исламската држава. Во рацијата се убиени двајца мажи за кои се претпоставуваше дека се членови на Исламската држава, но Абауд успеа да го избегне апсењето.

„Синоќешните апсења не резултираа со приведување на правата личност. И натаму активно трагаме по него и претпоставуваме дека ќе успееме “ во таа прилика  изјави белгискиот министер за правда Коен Гринс.

abaul3

Набргу по акцијата, Абауд, кој го користи името Абу Умар ал Баљики, имал интервју во пропагандниот магазин на Исламската држава „Давик“, во кој тој се фалел со својата улога во осуетениот напад во Белгија.

Абаид опишал како тој и уште двајца други членови на Исламската држава минале месеци обидувајќи се да стасаат до Европа, за да формираат терористичка ќелија и  да го спроведат нападот врз „крстоносците што водат војна против Муслиманите“.

На фотографиите објавени во интервуто, Абауд е снимен со двајца наводни членови на Исламската држава, за кои тој кажува дека се убиени од страна на белгиските власти за време на антитерористичката акција. Нивните имиња се Халид ал-Баљики и Абуз-Зубаир ал-Баљик.

Абауд го опишал бегството за Сирија по што европските и американските разузнувачки служби тргнале по него. На патот дури го запрел еден полицаец, но бидејќи не успеал да го препознае, набргу го пуштил.

„Наеднаш мојата фотографија се најде на сите медиуми. Но за среќа, Алах ги заслепи неверниците – кажал во интервјуто.

Времето го минувал борејќи се на страната на Исламската држава во Сирија и еднаш се појавил во видеито како возач на автомобилот со кој се превезувани телата до масовната гробница. Како што пишуваше Гардијан, тој бил вклучен и во регрутирањето на воените ветерани. Француските медиуми пишуваа дека тој го регрутирал и својот тринаесетгодишен брат.

Абауд исто така се сомничи дека стои зад уште неколку безуспешни терористички напади во изминатата година, вклучително и нападот на патниците на возот на релацијата Амстердам-Брисел во август како и нападот на црквата во Париз во месец април годинава.

- Реклама -