Со години значењето на логото на Tesla е мистерија за фановите. Имаше неколку теории, но без официјална потврда од Илон Маск, никој не знаеше со сигурност која и дали некоја од нив е правата.
Едната теорија е дека тоа на логото веројатно е замислено да изгледа како стилизирано Теслино Коло, или како буквална тесла, или пак клин.
Всушност, во право беше едно типче по име Даниел Фури, кој на форумот Quora во 2013 погоди дека „T“-то во логото личи на напречен пресек на индуктивен мотор. Сега и Илон Маск го потврди истото. Тој рече дека слично како што „X“ кај SpaceX покажува траекторија на ракетата, така „T“-то алудира на еден од најважните делови од функцијата на возилото.
@UKPJD Similar to SpaceX, the T is like a cross section of an electric motor, just as the X is like a rocket trajectory
— Elon Musk (@elonmusk) January 19, 2017
Полесно е да се визуелизира кога ќе го погледнете напречниот пресек на индуктивен мотор, од типот каков што се користи во Tesla Model S:
Вртежната сила се создава користејќи ја разликата во магнетното поле меѓу различните кола, со што го придвижува моторот. Или со други зборови, логото на Tesla го покажува моментот кога електричната енергија е трансформирана во движење, што е и примарната цел на компанијата и врз што се заснова нејзината револуција во возењето.
Заедно со името, јасно е дека брендингот на Tesla најмногу се однесува на аспектот со кој Tesla најмногу се гордее и аспектот кој најмногу ги продава нивните модели. Од друга страна, е доволно суптилен за лесно да го промашите ако не сте свесни за техничките детали на работењето на електромоторот.
Ете, мал бонус за фановите.