Што значи круната на Статуата на слободата?

Сте ја виделе милион пати, било на слики, било во филмови, а некои и во живо. Сепак, малкумина знаат што всушност означуваат седумте краци на круната на Статуата на слободата.

Имено, седумте краци ги претставуваат седумте океани и седумте континенти на светот. Со тоа сугерираат дека концептот на слободата е универзален, и сите подеднакво ја заслужуваат. Уште еден интересен факт: Секој од краците тежи точно 150 фунти (малку повеќе од 68 килограми).

- Реклама -