Доколку неколку пати до сега ви се случило да го сонувате поранешното момче, не грижете се… Научниците докажале дека е многу почеста појава да ги сонувате поранешните парнери отколку сегашните.
Според истражувањата исто така се дошло до сознание дека ваквите соништа ретко кој би им ги признал на сегашниот партнер.
Доколку сте исплашени дека можеби ова е показател дека сакате да го изневерите моменталниот партнер, или на некој начин да одморите од врската со него, истражувачите велат дека тоа не е вистина. Ова само претставува можност дека во исто време може да се негуваат и чувства и кон други луѓе.
Причината поради која вашиот партнер „ве посетува“ во сонот, е можеби некаква грижа на совест поради нешто што сте направиле додека сте биле со него, или пак недокажани и недорешени работи што останале меѓу вас.
Сепак, доколку ваквите соништа се случуваат навистина често, тогаш можеби навистина имате проблем во сегашната врска. Можеби не се чувствувате доволно среќно и исполнето, и време е да размислите за тоа како да го решите овој проблем.