Што значат еротските соништа?

Сите ние сме сонувале работи кои често пати немаат логика – дејствија или луѓе што ги вклучуваме во нив.

Спиењето е една од се уште неразјаснетите дејствија кои немаат точно научно објаснување зошто и како се случуваат.

Психијатарот и доктор Шериш Шети помага да разбереме што значат сексуалните соништа:

1. Сè е во умот

Интерпретацијата на соништата е многу тешка, бидејќи таа може да значи различни работи за различни луѓе. Сепак, главните параметри секогаш се исти. Кога човекот спие во длабок сон, потсвеста го разработува, во преден план она што го интересира неговиот ум во текот на денот. На пример, еден тинејџер може да биде возбуден од убав оброк, добар тренинг или убав мисла, објаснува доктор Шети. Преку еротските соништа луѓето го насочуваат либидото преку работите што им го испорачуваат задоволството.

c8d4cac0e6ad514938e9f6b2cd50ad2b

 

2. Табу теми

Сликите и мислите кои што човек не сака да ги прифати, автоматски се одбиени од свесниот ум. Вашата потсвест сепак работи на овие неморални мисли и ги вади во преден план. Наместо да се обидувате да анализирате сон, едноставно прифатете го и продолжете напред. Единствено, сништата со трауматски карактер поврзани со крв, убиства или егзибиционизам треба да бидат разгледани подетално. Според доктор Шети, слични соништа можат да рекреираат спомени кои свеста ги заклучила длабоко.

3. Меморија

Ако имате трауматски сексуален сон, кој се повторува често и го попречува нормалниот живот во текот на денот, треба да побарате професионална помош. Обично причината за овие соништа се крие некаде подлабоко и само специјалист може да ви помогне да се справите со проблемот. Од друга страна умот може да го покаже она што ви недостасува во животот.

article-2460192-18BE4EA200000578-864_634x403

 

4. Неколку толкувања на повторувачки соништа

Имате страстни искуства со најдобриот пријател, со газдата: Ова може да значи дека тие поседуваат одреден квалитет, што сакате да го имате. На овој начин потсвеста ви се стреми да го развие овој квалитет и кај вас.

Секс пред многу луѓе: Ова може да значи две работи. Ако сонувате дека имате секс пред толпа луѓе и се грижите за тоа, ова може да значи дека се грижите што мислат луѓето за вашата врска. Ако пак, не доживувате непријатности, туку напротив уживате – тоа значи дека имате копнеж за сексуални искуства.

Го изневерувате вашиот партнер: Ако еротските соништа започнат нeпосредно по бракот или веридбата, тоа може да биде реакција како последица на најголемата промена која настапила во вашиот живот. Тоа не значи дека вие во суштина жалите за својата одлука. Ако партнерот ви е многу зафатен во последно време, овие соништа можат да значат дека се чувствувате емотивно напуштени и едноставно навредени.

Соништа со човек од вашиот пол: Доколку не сте хомосексуалец, овие сништа речиси никогаш не го значат она што покажуваат. Всушност тие покажуваат дека вие се гордеете со својата женственост или машкост. Слични соништа се вообичаени за време на бременоста, бидејќи тогаш телото е во режим на “над-жена”.

- Реклама -