Многупати сме забележале дека на дното од млекото има бројки, но не сите го знаеме нивното значење.
Имено, бројките се движат од 1 до 5, а во некои земји од 1 до 6.
Постојат две информации поврзани со ова , а според едната се работи за бројки колку пати е рециклирано млекото.
Според законските прописи млекото на кое ќе му истече рокот, доколку се врати на пастеризација на 190 Ц степени, може потоа повторно да се консумира, а според законот тоа може да се прави 5 пати.
Сепак, производителите се должни да објават колку пати го повториле овој процес, атоа го прават со помош на овие бројки.
На пример, има напишано броеви 123456, бројот кој недостига е бројот колку пати е тоа млеко рециклирано.
нпр. 123 56, број 4 недостига – тоа значи дека тоа млеко е 4 пати обновено, поточно 4 пати му истекол рокот.
Исто така може да се забележи дека и да купите цело пакување некои ќе имаат бројче кое недостасува но некои не. Се тврди дека тоа го прават производителите намерно како би избегнале клиентите кои купуваат млеко на големо или пак потрошувачите да избегнуваат одредени цели пакети.
Според второто објаснување пак тие бројки немаат врска со млекото туку со хартијата. Се тврди дека на Балканот нема фабрика која има линија за пастеризација на млеко на 190 степени и граѓаните можат затоа да бидат сигурни дека не пијат рециклирано млеко.
Но по многуте афери поврзани со храната кои го стресоа Балканот во последно време малку тешко се верува на објаснувањата од овој тип, објавува SMedia.
Според оваа втора теорија броевите долу значат колку пати била рециклирана хартијата, ролната од која се прави амбалажата.
Сепак сите признаваат дека пастеризација на млекото – односно рециклирање на млекото се прави и е дозволено. Како што пишуваат медиумите, тоа не се однесува и за нашата држава, бидејќи ние немаме таква фабрика на Балканот.