Што зборува за вас музиката што ја слушате?

Музиката што ја слушаме, говори многу за нашата личност.

Ново истражување на Кемвиџ универзитетот покажува дека по сите музички стилови може да се заклучат многу детали за размислувањата и типот на личноста. На пример, оној кој слуша бавни и едноставни мелодии покажува повеќе емпатија, пренесува Би-Би-Си.

Луѓето кои ги анализираат настаните и предизвикуваат настани во светот, уживаат во панк, хеви метал, односно во „посложените“ жанрови, раскажуваат аналитичарите.

Во истражувањето завземале учевство 4.000 луѓе кои минале низ разни тестови. Тие најпрво одговарале на прашања за да се направи проценка дали се склони кон емпатија или се работи за посистематски типови. На пример, учесниците биле запрашани дали се заинтересирани за проектирање и изработка на мотори за автомобили и колку се добри во предвидување на човековите емоции.

Потоа, било од нив побарано со оценка од еден до 10, да оценат 26 различни музички стилови. Оние кај кои што било забележано високо ниво на емпатија често бирале софт рок, фолк и  R&B вид на музика, и можеле да уживаат во песни како што се “Hallelujah” на Џеф Баклиј или “Come away with me” од Нора Џонс.

За разлика од нив, учесниците кои покажале високо ниво на систематичност имаат тенденција кон хеви металот и авангардната музика, па издвоиле неколку песни како што е  “Enter Sandman” на Металика. Меѓутоа, истражувачите отишле чекор подалеку, па заклучиле дека постои разлика и во интензитетот и стилот на одредени видови музика кои се фаворизирани од страна на секоја група.

Студент на докторски студии од Кембриџ, Дејвид Гринберг укажува дека откритијата би можеле да бидат многу корисни во музичката индустрија. Тој додава дека сознанието за начините на размислување на поединците можат да се користат со цел да се пласира музиката со финеси кои се наменети токму за таа одредена група.

- Реклама -