Што всушност сакаат жените?

intro_love_lupa.jpg Прашањето што мажите мислат дека ќе остане вечна мистерија има многу едноставен одговор. Пред сè запомнете дека секоја жена, како и секој маж, е посебна личност која не треба да се дешифрира, туку да се запознае. Но, за да се уништат бесмислените стереотипи како она дека „дијамантите се нивни најдобри пријатели“ погледнете ги основните 8 нешта, што веројатно се единствените заеднички потреби на секоја жена.


Прашањето што мажите мислат дека ќе остане вечна мистерија има многу едноставен одговор. Пред сè запомнете дека секоја жена, како и секој маж, е посебна личност која не треба да се дешифрира, туку да се запознае. Но, за да се уништат бесмислените стереотипи како она дека „дијамантите се нивни најдобри пријатели“ погледнете ги основните 8 нешта, што веројатно се единствените заеднички потреби на секоја жена.

Почит
pocit.jpg

Треба да кажете и покажете дека го почитувате нашето мислење, нашата професија, нашите интереси, пријатели, хоби… Имајте почит за нашето тело, а и за нашиот ум. Водете се според едноставното златно правило „Однесувај се со другите како што сакаш да се однесуваат со тебе“. Значи, бидете искрени, разумни и секогаш фер.

Романтика
romantika.jpg

Заборавете на свеќите и црвените рози. Секој си има своја замисла за романтиката, па ако вашата девојка не сака кадифени мечиња за Св. Валентин не значи дека не сака да се потрудите околу неа. Вие најдобро ги знаете нејзините
желби, па водете се според нив.

Време
vreme.jpg

Ниту еден испратен подарок нема да каже „Те сакам“ онака како што тоа го прави присуството. Жената умее да ги цени вашите напори да најдете време за неа и да ја ставите на прво место и покрај динамичното секојдневие. Ќе биде
благодарна кога ќе се прилагодите на нејзиниот распоред, и ќе го стори истото за вас.

Комуникација
komunikacija.jpg

Не се потпирајте на фактот дека сте толку приврзани и грижливи што апсолутно се подразбира колку многу ја сакате. Од време на време, убаво е тоа и да се слушне. Жените не сакаат овие зборови да ги кажувате без да ги мислите и ќе ја забележат разликата меѓу искажување и глумење емоции. Искрените комплименти секогаш се добредојдени, и се
наједноставниот начин да ја одржите страста во долга врска.

Доследност
doslednost.jpg

Не мора да бидете здодевни и предвидливи за да бидете доследни. Тоа значи да бидете човек на кој девојката може да се потпре кога ќе има потреба од разирање и поддршка.

Заинтересираност
zainteresiranost.jpg

Нема потреба да бидете заедно 24 часа дневно или да имате исто хоби, но пожелно е да сте заинтересирани за она што вашата девојка го прави во слободното време, за нејзиниот однос со најблиските пријатели, за нејзините професионални успеси… Слушајте ја кога зборува и обрнувајте внимание на малите нешта.

Опуштеност
opushtenost.jpg

Да имате заеднички шеги и да може да се релаксирате и да се насмеете еден со друг. А и девојката да може да биде
доволно опуштена без да се плаши од ваша критика и да мисли дека врската е на стаклени нозе. Вашите реакции и зборови треба да овозможат лежерно заедништво.

Предизвик
predizvik.jpg

Ова не значи дека врската треба да бара постојан труд и мака, туку дека треба да нè мотивира да бидеме подобри личности и да не го земаме партнерот задраво за готово. Не играјте игри – едноставно бидете отворени и поттикнувајте ги нејзините добри навики.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -