Што треба да знаете пред да отидете на плажа

Речиси и не постои човек кој не сака да се забавува и да ужива на плажа. Но, дали знаете да ги препознаете сите опасности на кои можете да наидете на плажите?

Како да му помогнете на давеник?

Првиот инстинкт кога ќе забележите дека некој се дави е да влезете во водата и да го извадите на копно. Но, доколку не сте вешт пливач, тогаш многу лесно може да се случи во паниката, давеникот да ве повлече со себе, со што и двајцата ќе настрадате.

s

Првото нешто што треба да го сторите е да побарате помош. Многу веројатно на плажата каде што се наоѓате е стациониран спасувач којшто знае точно што да направи или во најмала рака некој што имал некаква обука на ова поле. Доколку нема никој што може да помогне, фрлете некој предмет што плови и кажете му на давеникот да се фати на него. Извлечете го со помош на предметот. Повикајте итна помош и погрижете се за него додека пристигнат болничарите.

Пливците и гумите не ги заштитуваат децата

Пливците, гумите и перничињата се одлични реквизити со кои децата можат да научат да пливаат во базен. Но, во морската вода, која често се бранува, тие можат да бидат поголема опасност одошто се помош. Затоа, ако сакате да го научите своето дете да плива, користете елек за спасување и набљудувајте го во секој момент.

IMG_1970

Плажите се преполни со неискусни пливачи

Иако речиси две третини од луѓето кои одат на одмор се решаваат да уживаат на „диви“ плажи, односно на места каде што нема стационирани професионални спасувачи, едвај половина од туристите во животот посетувале часови за пливање. Ако и вие сте дел од неискусните пливачи, избегнувајте „диви“ плажи или барем не влегувајте премногу далеку во морето.

1471369271_dcf5ea5c43_b

Не го тргајте погледот од децата!

Иако ова правило се чини како нешто за што никој не треба да биде потсетен, во една скорешна анкета направена на туристите кои планираат да одат на море ова лето, дури 11% одговориле дека е сосема во ред да читаат книга или да си играат со телефонот додека нивните деца си играат во водата.

kids-on-beach

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -